Шкендија, Вардар, Пелистер и Брегалница обезбедија полуфинале во Купот на Македонија

Објавено на 07 Декември, 2016 во Вести


Бранителот на Куп трофејот Шкендија, актуелниот првак Вардар, Пелистер и Брегалница се полуфиналисти во националниот Куп, откако победија во реванш-натпреварите.

Шкендија го победи Шкупи со 4:0, репрезентативецот Бесарт Ибраими попостигна хет-трик, стрелец беше и Жуниор за убедлива победа. Првиот натпревар меѓу двата тима заврши без голови.

Вардар рутински одработи и со нова победа од 4:1 против Металург лесно се пласира во полуфиналето со вкупен резултат од 8:2. Единствениот второлигаш во четвртфиналето Металург немаше сили да му се спротивстави на шампионот, кој победи со головите на Николов и хет-трикот на Балотели. За Металург стрелец беше Фидановски.

Пелистер со нова победа го елиминира Силекс. Ристе Маркоски со гол во 45. минута го најави триумфот, а сите дилеми околу пласманот во полуфиналето ги разреши Боби Божиновски. Глигор Глигоров беше стрелец на единствениот погодок за Силекс во 76. минута.

Брегалница убедливо ја совлада прилепска Победа со 3:0 и со вкупен резултат од 5:2 е меѓу четирите најдобри екипи. Жежов, Георгиев и Здравков беа стрелци за Брегалница.





   
   
Актуелности

08.07.2019    Вести

Започна изградбата на новата трибина на стадионот во Чаир

Муамед Сејдини, претседател на ФФМ: Заеднички, спортски и братски да изградиме европски стадион...

Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација