Семинари и советувања за родители на децата вклучени во детските лиги на ФФМ

Објавено на 10 Ноември, 2017 во Вести, Детски лиги, Семинари


Фудбалската федерација на Македонија во насока на подобрување на квалитетот на одржување и одигрување на натпреварите во Детските лиги, организира семинар и советување за родители чии деца се членови на клубови или тимови кои се натпреваруваат во Детските лиги на ФФМ. Целта на овој семинар и советување е да се подигне свеста на родителите за значењето на ова натпреварување и да се подобри пристапот кон децата кои се носители на сите активности во детските лиги.

Родителите ќе имаат можност да слушнат презентации од областа на спортска и детска психологија, однос родител-спортист-тренер, важноста и значењето на учеството во детските лиги, психомоторен развој и исхрана на детето, како и препораки за однесување на родителите за време на тренинг и натпревари во детските лиги.

Еднодневни семинари ќе се одржат соследниов распоред:

- Охрид, хотел „Милениум Палас“, 15.11.2017 година

- Битола, „Дом на култура“, 16.11.2017 година

Почеток на семинарите е во 10:00 часот, а родителите треба да дојдат најдоцна до 09:30 заради пријава и регистрација на присуство. Семинарот завршува во 16:00 часот со заеднички ручек. Ги известуваме родителите дека своето присуство треба да го пријават на координаторот на регионот, Лазе Гаштаров - Битола и Јовче Поповски - Охрид:

Центар за Едукација и Грасрут оддел на ФФМ



   
   
Актуелности

22.11.2017    Вести

Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика....

17.11.2017    Вести

Одржани семинари / советувања за родители чии деца се членови во клубовите во детските лиги на ФФМ

Одделот за Грасрут фудбал и Центарот за Едукација на ФФМ а во склоп на обврските од УЕФА грасрут програмата и својата пр...

Календар
А репрезентација