Семинар за периодизација во подготвителен период и кондициска подготовка на 31 aвгуст, 2015

Објавено на 24 Август, 2015 во Вести, Семинари

Центарот за Едукација и Тренeрската Организација на ФФМ а во соработка со стручниот штаб на Националната А Репрезентација организира еднодневен семинар со презентации на асистентот на Селекторот, Г-дин Луиш Диого Кампош (Португалија).

Тема на семинарот ќе биде Периодизација во подготвителен период и кондициска подговотка. Теоретската презентација ќе се одржи во Хотел ТЦЦ Гранд Плаза на 31.08.2015 од 09.30 – 11.00 часот, додека практичната презентација ќе се одржи истиот ден на тренерот на ФК Работнички со почеток во 12.00 часот.

На овој семинар задолжително е присуството на сите тренери од Прва и Втора МФЛ заедно со кондициските тренери, координаторите на сите младински школи во клубовите кои се натпреваруваат во лигите на ФФМ, Селекторите на младинските селекции на ФФМ и тренерите во паралелеките на академиите на ФФМ.

Сите останати тренери кои имаат желба да присуствуваат на овој семинар, кој е бесплатен за сите, треба да се пријават најдоцна до 28.08.2015г.(петок) на следната контакт адреса: mario.gjurcinovski@ffm.com.mk.




   
   
Актуелности

20.08.2019    Вести

Сочуство

...

Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација