Седница на Управен одбор на Фудбалската федерација на Македонија

Објавено на 18 Декември, 2019 во Вести


На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:

-  У.О. на ФФМ донесе одлука натпреварот Македонија - Косово од 1/2 финалето во Лига на Нации да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. 

Плеј-оф натпреварот меѓу македонската А репрезентација и селекцијата на Косово се игра на 26. март 2020. година. Со официјален допис, ФФМ ќе ја извести и УЕФА за местото на одигрување на натпреварот.

-  У.О. на ФФМ ги усвои извештаите за работа на младинските национални тимови, почнувајќи од репрезентацијата до 15 години до македонската репрезентација до 21 година. 

-  У.О. на ФФМ донесе одлука за исплата на премија од 50.000 илјади евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата за настапот на македонската А селекција во квалификациите за ЕВРО 2020. 




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација