Репрезентација до 19 години: Одлична игра и убедлива победа од 4:1 над БиХ

Објавено на 17 Септември, 2015 во Вести, До 19 год

Репрезентацијата на Македонија до 19 години издвојува убедлива победа од 4:1 над селекцијата на Босна и Херцеговина во вториот контролен натпревар одигран меѓу овие две селекции на стадионот во Ѓорче Петров.

Нашата млада репрезентација одлично ја започна средбата, добрата игра ја крунисавме со гол во 21. минута. Петар Петковски одлично се снајде во противничкиот казнет простор, помина двајца босански фудбалери, несебично проигрувајќи го Валентин Кочовски кој погоди за наше водство.

Неколку минути подоцна преку нашиот капитен Петар Петковски не успеавме да искористиме одлична прилика за зголемување на предноста. Во 32. минута од средбата пенал за БиХ, Елведин Хериќ биеше прецизно од белата точка за израмнување на резултатот на 1:1.

Во нова добра шанса за гол се најде Петар Петковски, но повторно немаше среќа да реализира.

По две минути игра во продолжението, избраниците на селекторот Горан Станиќ поведоа со 2:1. Стрелец на голот за нашите млади фудбалери беше Давор Здравковски по одлично изведениот слободен удар. Во 48. минута со голот на Емил Абаз, Македонија поведе и со 3:1. На убедливи 4:1 зголеми Петар Петковски во 56. минута со гол од пенал.

На стадионот во Ѓорче Петров, репрезентацијата на Македонија целосно му се реваншираше на противникот за поразот во првиот дуел, одигравме одличен натпревар, бевме поквалитетен противник и заслужено остваривме триумф.

МАКЕДОНИЈА - БиХ  4:1 (1:1)

( 1:0 Валентин Кочовски 21`; 1:1 Елведин Хериќ 32`; 2:1 Давор Здравковски 47`; 3:1 Емил Абаз 48`; 4:1 Петар Петковски 56`)

МАКЕДОНИЈА:  12. Боби Целески  2. Слободан Боцевски  3. Кристијан Каранфиловски  4. Стефан Јефтовски  6. Нехар Садики  7. Емил Абаз  8. Давор Здравковски  9. Петар Петковски  10. Валентин Кочовски  14. Стефан Лазаревиќ  18 Ремзифаик Селмани;

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА:  12. Авдо Спахиќ  2. Адван Кадушиќ 3. Омар Пашагиќ  4. Ајдин Реџиќ  5. Кемал Османковиќ  9. Владимир Кременовиќ  10. Елведин Хериќ  11. Хамза Чатаковиќ  15. Дарко Јовиќ  17. Дејан Глишиќ  13. Томи Никиќ 




   
   
А репрезентација