Репрезентација до 17 години: Победа над БиХ со 3-1 во првата од двете контролни средби

Објавено на 12 Февруари, 2020 во До 17 год


Македонската репрезентација до 17 години славеше во првата контрола со БиХ која се одигра денес во Љубушко. Резултатот беше отворен во 38 минута кога Ардијан Чилафи стрелаше за почетна предност на нашиот тим, за само две минути подоцна повторно да ја затресе мрежата, па второто полувреме македонските репрезентативци го започнаа со предност од 2-0.

Домаќините дојдоа до намалување на предноста по успешно изведениот пенал во 62 минута од натпреварот.

За конечните 3-1 се погрижи Дашмир Елези кој беше сигурен по уфрлувањето од слободен удар на Енис Букли во 84 минута.

До крајот на натпреварот на домаќините им беше досуден уште еден пенал во 86 минута, кој нашиот голман Стефан Тасев го одбрани со сигурна интервенција.

Вториот натпревар на истите селекции е закажан на 14 февруари со почеток во 10.30 часот.

Репрезентации до 17 години: Босна и Херцеговина - Македонија 1-3 (0-2)

Стадион Бабовац, Љубушки - БиХ.

БиХ: Елдин Лолиќ, Харис Хасановиќ, Нермин Мујкиќ, Хамза Реџиќ (81. Емир Брковиќ), Анел Кадриќ, Армин Дуриќ (46. Алем Јапаур), Армин Кариќ (67. Хамза Хаџиавдиќ), Емир Дервишкадиќ (46. Никола Ќебиќ), Александар Кахвиќ, Денис Диздаревиќ (67. Виктор Грбиќ), Матеј Шакота (46. Аднан Бербиќ). Селектор: Нермин Шабиќ.

Македонија: Стефан Тасев, Марко Ристов, Бљенд Зекири (46.Борјан Поповски) Енис Буќи, Матеј Ангелов, Метин Иљази (46. Дашмир Елези), Георг Стојановски (66. Мите Митев), Ардијан Чилафи (90+1. Донарт Ибраими), Бесарт Гудјуфи (79. Марко Софијаноски), Мирче Стоилов (79. Никола Павлески), Матео Софијаноски (66. Ерион Шуку). Селектор: Драги Канатларовски.




   
   
А репрезентација