Реакција на ФФМ по повод соопштението на Хабиб Шаќири објавено во Македонски спорт

Објавено на 01 Февруари, 2017 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија се чувствува повикана да одговори на наводите во  соопштението потпишано од г-нот Хабиб Шаќири објавено во денешното издание на Македонски спорт.

Фудбалската федерација на Македонија не е изненадена од подготвеноста на одредени луѓе да изнесуваат податоци и невистини сѐ со цел да ја втурнат и Фудбалската федерација на Македонија во валкана кампања, притоа мислејќи дека на тој начин ќе успеат да ја сокријат вистината од јавноста во однос на случувањата во ОФС Тетово. 

Очигледно е дека лицето кое стои зад соопштение не е запознаено со начинот на кој работи Фудбалската федерација на Македонија. Исто така очигледно е дека не постои свесност за последиците на ОФС Тетово, од активностите преземени пред и по одржувањето на Годишното собранието на 25.01.2017 година.

Во однос на утврдените нерегуларности, а се со цел на вистински начин да ги прикажеме случувањата во ОФС Тетово, а истовремено да ја запознаеме јавноста и со нашиот начин на работа, Фудбалската федерација на Македонија ја објавува Одлуката на УО донесена на 30.01.2017 година..pdf 

Пример со кој се потврдува нерегуларноста на Собранието на ОФС Тетово се однесува на додавање на нова точка во веќе донесената одлука (претходно доставена до ФФМ) за утврдување на составот на делегатите на собранието кои произлегуваат од судиите, тренерите и спортските работници (види слика)

За начинот на работа на ОФС Тетово и документацијата која истите ја доставија до ФФМ, а на која се повикуваат  и во соопштението погледнете во продолжение:

„Имено во првичната одлука доставена до ФФМ од УО на ОФС Тетово од 20.01.2017 година, која се однесува на разрешување и именување на Секретар на ОФС Тетово и не е потпишана своерачно туку на местото за потпис стои: Потпретседател Мирчески Борче с.р. диспозитивот гласи

1. Се прифаќа оставаката на г-дин Куштрим Халили од функцијата Секретар на ОФС Тетово.

2. За привремен секеретар на ОФС Тетово се именува г-дин Дашмир Беари.

3. Одлуките стапуваат на сила со денот на нивното доставување.

Во Одлуката од УО на ОФС Тетово од 20.01.2017 година која исто се однесува на разрешување и именување на Секретар на ОФС Тетово, доставена дополнително до ФФМ на ден 28.01.2017 година (како прилог на документацијата од Собранието на ОФС Тетово), во која исто како и во претходната во потпис стои: Потпретседател Мирчески Борче с.р во диспозитивот е додаден нов став 3, покрај горенаведените, па сега диспозитивот на одлуката наводно донесена на седница на УО на ОФС Тетово на 20.01.2017 година гласи:

1. Се прифаќа оставаката на г-дин Куштрим Халили од функцијата Секретар на ОФС Тетово.

2. За привремен секеретар на ОФС Тетово се именува г-дин Дашмир Беари.

3. Прифаќање на бројот на делегати (во број 42 кој што навремено – според рокот утврден од УО предложени од клубовите, одборот на спортски работници, одборот на фудбалски тренери и одборот на фудбалски судии на ОФС Тетово) на наредното Редовно годишно (изборно) цобрание на ОФС Тетово.

3. Одлуките стапуваат на сила со денот на нивното доставување.

Вака доставените одлуки се однесуваат на иста правна работа  - оставка и именување на Секретар во ОФС, евидентно од првите два става на одлуките. Надополнувањето на одлуката доставена по одржаното собрание  со трет став  како да е донесено на седницата на 20.01.2017 година зборува за интенцијата за создавање лажна документација,  а не за одлука донесена од Управниот одбор на 20.01.2017 година што се потврди и со погоренаведените искази.

Организаторот на Собранието на ОФС Тетово на овој начин пробал да пополни недостаток во постапката која претходела на одржување на Редовното Годишно Собрание, меѓутоа пропуштил дека одлуката за разрешување, веќе еднаш ја доставил до ФФМ со различен текст од вториот.

Во однос на субјективните наводи дека на Фудбалската федерација на Македонија и пречи кандидатурата на г-дин Мирсад Јонуз за претседател на ФФМ, остро реагираме и истакнуваме дека кандидатура за претседател на ФФМ не може да и пречи на ФФМ, секоја кандидатура за претседател на ФФМ е добродојдена.

ФФМ работи согласно Статут и акти и го очекува истото и од своите членки.

Фудбалската федерација на Македонија изразува жалење што кандидатурата  за претседател на ФФМ  г-дин Мирсад Јонуз, не може да се процесуира од причина што Одлуката е донесена на Собрание кое е организирано и одржано спротивно на актите на ОФС Тетово.

На крајот, сметаме дека овој начин на комуникација не соодветстува со практиката на ФФМ. Доколку има забелешки истите треба да се решаваат институционално.






   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација