Програма на УЕФА за развој на млади елитни фудбалери - Голема шанса за напредок

Објавено на 24 Јули, 2018 во Вести, Фудбалска академија



Развој на фудбалот низ цела Европа - тоа е основна мисија на УЕФА, а во остварувањето на една од водечките цели, УЕФА  постојано дава поттик за тренирање и грижа за младите фудбалери.

Четири Европски национални асоцијации – Македонија, Ерменија, Белорусија и Грузија се блескав пример за одлична и квалитетна работа со млади таленти откако во 2014. година добија голема поддршка од УЕФА.

Четирите асоцијации први ги користеа предностите на амбициозната програма на УЕФА за развој на елитни млади фудбалери, насочена кон талентирани играчи кои во иднина би можеле да бидат носители на играта во нивните клубови и национални тимови. Започнуваме со разгледување на резултатите од таа програма и планирање на идните активности.

Фудбалските федерации на Македонија, Ерменија, Белорусија и Грузија беа одбрани како пилот програми, а истата сега е развиена и ги вклучува сите 55 асоцијации членки на УЕФА. Структурата и визијата е поставена на начин што ќе донесе развој на бројни таленти во државите низ годините што доаѓаат.

Националните федерации започнувајќи од сезоната 2014/15 добиваа значајни средства од УЕФА кои помагаат да се покријат трошоците за фудбалската академија за играчи до 14 и 15 години, да се постават техничките програми и да се подобрат стандардите за одржување на тренинзи.

УЕФА има свој технички тим составен од искусни тренери и технички експерти достапен да ги посети секоја од федерациите неколку пати во годината и да посочи и даде суштински совети и насоки не само од техничка гледна точка, туку и од аспект на образованието и менаџирањето на процесот.  

Тренерите и инструкторите добија непроценлива експертска обука со цел да ги подигнат своите стандарди на работа, а за возврат мотивирано да ја применат во својата работа.

Со помош на УЕФА, Македонија, Ерменија, Грузија и Белорусија создадоа национални акадимии со силна врска помеѓу федерациите, школите и клубовите. Ова значи дека постои јасно врска помеѓу фудбалскиот тренинг и образованието.  Специфичните програми се насочени кон потребите и барањата на секоја од федерациите.  

Заедно со висококвалитетни технички, тактички и фитнес тренинзи, исто така, многу важни се другите елементи како што се исхрана и хигиена, а младите се учат и на суштински животни вештини во однос на однесување, ставот и одговорноста.

Работата веќе дава резултати. Овие федерации со нивните млади национални тимови постигнуваат подобри резултати во квалификациските натпреварувања на УЕФА, особено во УЕФА натпреварувањата до 17 години.

Бројот на млади фудбалери кои го направија првиот чекор во националните тимови до 16 и 17 години е исто така импресивен.

Доаѓа време да погледнеме напред. По завршувањето на пилот проектот следната година, асоцијациите бараат од УЕФА да се продолжи со добрата работа и да ја одржат довербата создадена во текот на изминатите години.

Одговорниот во УЕФА за развој на фудбалот, поранешен француски интернационалец Жан Франсоа Домерк е охрабрен од постигнатите резултати од пилот проектот.

„Ова е одличен успех за четирите асоцијации кои влегоа во пилот проектот“, вели тој, „тие покажаа напредок во оваа област и ние мора да продолжиме да им помагаме и да го одржиме развојот на федерациите“.

„Исто така е важно да ги погледнеме социјалните и образовните придобивки што се случуваат имајќи в предвид дека се работи за голем број на млади кои минуваат низ академиите“.

Асоцијациите вклучени во пилот програмата се едногласни и нагласуваат дека УЕФА им помогна во мапирање на ефективни планови за развој на млади.

„Еден од позитивните аспекти на програмата е дека најдобрите играчи можат да тренираат и да играат заедно".

Жарко Игњатовски, менаџер на сектор фудбал во Фудбалска федерација на Македонија

"Децата добиваат високо квалитетен тренинг, одлична настава и образование, како и исхрана и сместување -, нивниот капацитет за понатамошен развој е многу подобрен".

Вардан Минасјан, технички директор на Фудбалската федерација на Ерменија

"Нашите тренери добија голема поддршка во однос на семинари и размена на знаења. Ова е многу важно за понатамошен развој".

Артур Азарјан, Фудбалска федерација на Ерменија, шеф на фудбалскиот оддел

"Денес, во нашата академија може да имаме четири тимови од различни возрасни групи, а тоа е во голема мера благодарение на овој проект".

Виктор Гончаренко, Фудбалска федерација на Белорусија, заменик технички директор

"Проектот им дава на нашите тренери и играчи голема мотивација, сигурен сум дека оваа академија многу ќе помогне во развојот на грузискиот фудбал".




   
   
Актуелности
Календар

20 Окт

11:00 Фарски Острови - Израел
    У17 квалификации за Европско
14:30 Шпанија - Македонија
    У17 квалификации за Европско

23 Окт

11:00 Шпанија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Македонија
    У17 квалификации за Европско

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација