Пријави за клупско натпреварување

Објавено на 13 Декември, 2018 во Лиценцирање, Вести


Фудбалската Федерација на Македонија преку своето одделение за лиценцирање упатува покана до клубовите од Прва МФЛ и Втора МФЛ за доставување на пријава за клубско лиценцирање за сезона 2019/2020. Клубовите од Прва МФЛ можат да достават пријава за лиценцирање за натпреварување во организација на УЕФА, која автоматски важи и за ФФМ натпреварувањата. Клубовите од Втора МФЛ (исток и запад) можат да достават пријава за лиценцирање за натпреварување во Прва МФЛ или Втора МФЛ.

Пријавите за лиценцирање за УЕФА натпреварување се доставуваат најкасно до 20.12.2018 (четврток) со прилог уплатена такса од 500,оо евра во денарска противвредност.

Пријавите за лиценцирање за натпреварување во Прва МФЛ се доставуваат најкасно до 20.12.2018 (четврток) со прилог уплатена такса од 350,оо евра во денарска противвредност.

Пријавите за лиценцирање за натпреварување во Втора МФЛ се доставуваат најкасно до 20.12.2018 (четврток).

Клубовите своите пријави уредно пополнети, потпишани и заверени треба да ги достават во наведениот рок а преку архивата на ФФМ. По доставувањето на пријавите, Одделението за лиценцирање на сите клубови, соодветно на пријавата, ќе им ги достави потребните информации околу понатамошниот тек на лиценцирањето.

Уплатата на соодветните такси се врши на следната сметка:

300000001599760 Комерцијална Банка

Примач: ФФМ – Скопје

Цел на дознака: за Клубско лиценцирање за сезона 2019/20 за (соодветното натпреварување).

FFM QT 1030-61 Пријава за лиценцирање.doc 

FFM QT 1030-61 Пријава за лиценцирање.pdf 



   
   
Актуелности

17.05.2019    Вести

Првите луѓе на ФФМ на состанок со асоцијациите членки и раководството на УЕФА

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски имаа средба и со Наташа Андонова. На нашата ...

Календар

07 Јун

20:45 Македонија - Полска
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Јун

20:45 Македонија - Австрија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација