Прес на Ангеловски и Ристовски пред мечот со Австрија

Објавено на 15 Ноември, 2019 во Вести, Вести


Селекторот на македонската А репрезентација Игор Ангеловски и Стефан Ристовски на официјалниот прес ги изнесоа очекувањата за утрешниот натпревар против Австрија во квалификациите за ЕУРО 2020. 

Имаме кадровски проблеми, но рековме дека нема да се жалиме, така и ќе биде, ќе играат тие што се подготвени и јас верувам во нив. Можно е шанса да добијат и некои дебитанти, но ако им е прв меч не значи дека немаат квалитет. Сигурен сум дека утре сите фудбалери ќе го дадат максимумот и ќе одиграат најдобро што знаат. На овие мечеви сакаме да го потврдиме квалитетот и да се подготвиме за полуфиналето на Лигата на нации. Австрија беше доминантна во текот на квалификациите, тие се на прагот на пласман на Европско првенство, но ние си ја гледаме нашата работа”, изјави селекторот Игор Ангеловски. 

Ривалот има силен состав, но ние сме фокусирани да одиграме на вистинското ниво и овие квалификации да ги заокружиме на добар начин, како и што ги игравме досега. Ако сакаме Македонија да игра на Европско првенство, секој меч е најважен за нас. Секако дека имаме желба и мотиви да одиграме најдобро што можеме во моментот. Имаме проблеми, но верувам дека сите што ќе истрчаат ќе бидат на потребното ниво, со срце. И исто така мислам дека не можеме да бидеме така слаби како на првиот меч против Австрија“, рече Стефан Ристовски.

Натпреварот Австрија-Македонија се игра во сабота во стадионот ”Ернст Хапел” во Виена со почеток од 20:45 часот.



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација