Преговори помеѓу ФФМ и Друловиќ

Објавено на 15 Октомври, 2015 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија во април годинава потпиша договор со Љубинко Друловиќ за местото селектор на А репрезентацијата на Македонија. Во договорот стоеше дека Љубинко Друловиќ ќе биде селектор во наредните шест месеци со можност за продолжување во наредните две години. Исто така, во договорот стоеше дека целта е Македонија да биде пласирана нѐ подолу од четвртото место во квалификациската група за Европското првенство. Крајот на циклусот за ЕП 2016 се поклопува со истекот на првите шест месеци од договорот на Друловиќ. Селекторот е должен да даде извештај за работата со репрезентацијата во изминатите шест месеци.

-Информирани сме дека Љубинко Друловиќ има понуда од Партизан и постојано сме во контакт со сеуште актуалниот селектор на Македонија. Како федерација врз основа на добиениот извештај од неговата работа во изминатите шест месеци, меѓусебно ќе се договориме околу евентуалното продолжување на договорот во следните две години, изјави Саша Ќириќ, технички менаџер на А репрезентација на Македонија.

-Точно е дека имам понуда за договор со Партизан, но не се точни информациите дека веќе сум нов тренер на Партизан. Во договорот со Фудбалската федерација на Македонија стои дека ќе преговараме околу евентуално продолжување на соработката по крајот на квалификациите за Европското првенство, изјави Љубинко Друловиќ. 




   
   
А репрезентација