Преглед на голови од Прва и Втора МФЛ

Објавено на 19 Август, 2014 во Вести

Во третиот круг од Првата фудбалска лига беа одиграни пет натпревари на кои беа постигнати вкупно 16 голови.

Најефикасниот натпревар беше одигран на Градскиот стадион во Тетово каде Шкендија го совлада Хоризонт Турново со 5:2. Шампионот Работнички ги запиша првите три бода сезонава со домашниот триумф над Тетекс, а Вардар ја оствари третата победа со триумфот обезбеден во последната минута од натпреварот против Брегалница во Штип. Силекс минимално го победи тимот на Ренова, а Пелистер втор пат е поразен сезонава на својот  „Тумбе кафе“.

На следниот линк головите од петте натпревари од третото коло во Првата фудбалска лига:


Во Втората фудбалска лига беа постигнати 17 голови на пет натпревари. Седум гола беа постигнати во најефикасниот натпревар меѓу Напредок и Младост. Шкупи и Врапчиште се единствените две екипи со победи во воведните два круга од Втората лига.

На следниот линг головите од второто коло од петте натпревари во Втората фудбалска конкуренција:





   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација