Пораз од Луксембург во натпревар кој мораше да се добие

Објавено на 05 Септември, 2015 во Вести, Квалификации ЕУРО 2016

Најдобрата македонска репрезентација доживеа неочекуван пораз од Луксембург во натпревар од кој се очекуваше сигурна победа. Поништен сигурен гол на Жута во првиот дел, а во вториот Абдурахими промаши зицер и пенал.

Македонија претрпе минимален пораз од 1:0 од Луксембург во 7-миот натпревар од Групата Ц во квалификациите за Европското Првенство што во 2016 година ќе се одржи во Франција. Избраниците на Друловиќ имаа лошо издание против скромниот противник, кој иако се обидуваше, сепак ниту самиот не веруваше дека може до победа. Но тие максимално го искористија промашените шанси на Македонија, пред се двете на Абдурахими кој стана трагичар, иако можеше да донесе победа ако реализираше од белата точка. 


Во 7-таминута прва закана на Македонија, но шутот на Ибраими без проблеми го неутрализираше Жуберт. Во 15-тата минута Македонија оштетена за чист гол од судиите кога Ибраими убаво асистираше до Жута кој го совлада домашниот голман, но голот беше поништен поради наводна офсајд ситуација. Во 35-тата минута малер за Македонија кога после еден дуел со удар во грбот се здоби Мојсов, по што мораше да ја напушти играта, а на негово место влезе Кире Ристевски. Домашните првиот посериозен шут кон голот на Пачовски го имаа во 41-та минута кога Герсон од слободен удар шутираше непрецизно. Првиот дел заврши без голови, а на почетокот на вторите 45 минути, поточно во 53-тата минута 100% шанса за Абдурахими кој имаше одличен продор, откако ја изгуби помалку среќно дојде до топката и кога се сите очекуваа водство на Македонија, тој шутираше директо во веќе легнатиот домашен голман. Глигоров во 64-тата минута го имаше следниот обид со одличен шут од далечина, но одбрани сигурно Жуберт. Отпорот на домашните тешко се кршеше, нападите не одеа како треба и не беа закана за Луксембург, така да требаше еден соло продор на Абдурахими во 84-тата минута после кој домашните го запреа со фаул, а судијата Еванс покажа на белата точка. Самиот Абдурахими ја презеде одговорноста да го изведе пеналот, а беше прочитан од домашниот голман Жуберт, кој одлично одбрани. Последните минути донесоа јалови напади на Македонија, a кога се очекуваше крај на натпреварот со разочарувачки 0:0, Себастијан Тил биеше прецизно во мрежата на Пачовски донесувајќи победа и еуфорија за домашните.


Луксембург-Македонија 1:0 (0:0)

Стадион Josy Barthel Luxembourg

Гледачи: 1675

Судија: Ли Еванс (Велс)

Помошници: Филип Томас и Кинг Едвард (Велс)

Стрелeц: Тил 90’ + 2’

Жолти картони: Мартинс (Луксембург),  Жута, Ристовски, Абдурахими, Ристевски (Македонија)

Црвен картон:

Луксембург: Жуберт, Шанот, Делагадо, Филипс, Герсон, Мартинс (Тил 71’), Де Мота, Пајал, Јоаким, Џанс, Девил (Бенси 64’).

Тренер: Луц Холтз

Македонија: Пачовски, Мојсов (Ристевски 37’), Шиков, Трајковски (Илијоски  74’), Ибраими (Ашковски 80’), Ристовски, Глигоров, Петровиќ, Жута, Абдурахими, Ивановски.

Тренер: Љубинко Друлович



   
   
Актуелности

23.11.2017    Вести

Македонија до 18 години славеше против Турција

Репрезентацијата до 18 години славеше со 1:0 над врсниците од Турција на пријателски меч во Скопје....

22.11.2017    Вести

Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика....

Календар
А репрезентација