Пораз на женската репрезентаци,Наташа Андонова стрелец на два гола

Објавено на 19 Јуни, 2014 во Вести, А репрезентација жени

Осми пораз на женската репрезентација на Македонија во квалификациите за Светското првенство во Канада 2015 година.

Селекцијата предводена од Добрислав Димовски загуби на гостувањето во Чешка со 5:2 (1-0). Наташа Андонова ги постигна двата гола за нашата репрезентација, капитенот на Македонија погоди во 48. и 72. минута. Чешката репрезентација доминираше во првото полувреме, домаќините упатија вкупно 18 удари кон нашиот гол, од кои само еден заврши во мрежата на одличната Чакмакоска. На почетокот од второто полувреме Чешка погоди за 2-0, но веднаш потоа нашите девојки возвратија преку Наташа Андонова. Следуваше нов  погодок на Чешка за водство од 3-1, преку Мартинкова, но Андонова погоди уште еднаш, за ова да биде првиот меч на Македонија во овие квалификации на кои „црвено-жолтите“ успеаја да постигнат два погодоци. Чешка до крајот постигна уште два гола и си ја осигура победата.

На натпреварот за Македонија  играа: Чакмаковска Елена, Веселинова Ана, Ѓеорѓиева Анета, Милеска Катерина (Тања Митревска 30`, Александра Марковска 76`), Костова Драгана, Тодоровска Моника, Андонова Наташа, Рочи Гентјана, Андрееска Ленче, Салихи Афродита (Наталија Наумов 82`) и Крстановска Симона.

Единствениот бод во овие квалификации го освоивме пред три дена на гостувањето во Хаапсалу каде што одигравме 1-1 со Естонија. До крајот на овој квалификациски циклус Македонија ја очекуваат уште два средби на гостински терен. На 21. август со Романија, а потоа и со Италија на 17. септември 2014 година.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација