Подмладената репрезентација на Македонија до 21 година одигра нерешено против Белорусија

Објавено на 01 Јуни, 2016 во Вести, До 21 год


Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра нерешено 1:1 против селекцијата на Белорусија во рамките на контролниот натпревар одигран меѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски одиграа еден квалитетен натпревар во кој го диктираа темпото на игра, беа подобар противник, но на крајот одиграа само 1:1. На оваа средба, селекторот на Македонија настапи со 8 нови фудбалери родени 1996 година.

Во првиот дел создадовме неколку добри можности преку Алекса Амановиќ и Ѓорѓи Стоилов, но не успеавме да погодиме. Противникот ги казни нашите пропуштени шанси и во 45. минута со голот на Павел Савицкиј поведе со 1:0.Во продолжението, Македонија успеа да го израмни резултатот. Во 50. минута од мечот Кире Маркоски ги постави конечните 1:1.

КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР - РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ДО 21 ГОДИНА

 

МАКЕДОНИЈА - БЕЛОРУСИЈА 1:1 (0:1)

Тренинг центар „Петар Милошевски" - Скопје

МАКЕДОНИЈА: Дамјан Шишковски, Алекс Симовски, Висар Муслиу, Алекса Амановиќ, Петар Петковски, Виктор Ангелов, Кире Маркоски, Кристијан Филиповски, Тихомир Костадинов, Ѓорѓи Стоилов, Мевљан Мурати; Селектор: Благоја Милевски

Клупа за резервни фудбалери: Филип Илиќ, Бенјамин Демири, Константин Чешмеџиев, Енур Тотре, Рок Танески, Стефан Костов, Петар Крстиќ, Јован Попзлатанов, Дин Аломеровиќ, Љиридон Иљази;



   
   
Актуелности

08.07.2019    Вести

Започна изградбата на новата трибина на стадионот во Чаир

Муамед Сејдини, претседател на ФФМ: Заеднички, спортски и братски да изградиме европски стадион...

Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација