Победа! Македонија - Луксембург 3-2

Објавено на 10 Октомври, 2014 во Вести, Вести

Македонската А репрезентација ја оствари првата победа во квалификациите за ЕП 2016 во Франција.

На Националната арена „Филип Втори“ нашата репрезентација славеше победа од 3-2 против Луксембурт. Бесарт Абдурахими во последната минута од натпреварот го постигна голот вреден три бода за Македонија. Луксембург на полувреме имаше водство од 2-1 иако со погодокот на Александар Трајковски во 20. минута ние први го отворивме резултатот. По одличниот слободен удар од страна на Стефано Бенси, и подоцна преку голот на Давид Турпел бедемот на нашата одбрана беше совладан два пати во првото полувреме.

По трите измени направени рано во второто полувреме, организацијата на играта комплетно се сврте во наша полза. Во 66’ Адис Јаховиќ од пенал ја анулираше предноста со која Луксембург замина на полувреме, а конечниот резултат го постави Бесарт Абдурахими којги мина сите препреки и финишираше со прекрасен погодок на крајот на судиското продолжение, и со тоа ја осигура победата на Македонската фудбалска репрезентација против Луксембург.

Пред сѐ би сакал да им честитам на фудбалерите за победата. Му ја посветувам оваа победа на нашиот трагично загинат колега Петар Милошевски. Што се однесува до играта на репрезентацијата, сметам дека измените во второто полувреме, особено Бесарт Абдурахими, го сменија текот на натпреварот.

Што се однесува до повредите на Даниел Мојсов и Мухамед Демири, одлуката беше препуштена на мединцинскиот тим и на самите играчи кои се изјаснија дека се во форма да го продолжат натпреварот. Со повреда се соочи и Агим Ибраими, кој мораше да биде заменет и нема да биде дел од тимот кој ќе патува во Украина.  Треба да сме задоволни со освоените три бода, кои легнаа на нашето конто благодарение на храброста и посветеноста на играчите. На натпреварот против Украина ќе играме со слична тактика, офанзивно, со што повеќе закани кон противничкиот гол, и ќе се обидеме да го дадеме најдоброто. – изјави селекторот Ѓуровски на конференцијата за печат по натпреварот.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација