Одржани семинари / советувања за родители чии деца се членови во клубовите во детските лиги на ФФМ

Објавено на 17 Ноември, 2017 во Вести, Детски лиги, Семинари

Одделот за Грасрут фудбал и Центарот за Едукација на ФФМ а во склоп на обврските од УЕФА грасрут програмата и својата програма за едукација, одржаа советувања за родителите чии деца се членови на клубовите кои се натпреваруваат во Детските Лиги на ФФ

Семинарите се одржаа во Охрид (15 Ноември) и Битола (16 Ноември) и на нив присуствуваа вкупно околу 130 родители, наставници, тренери. Додека во Битола учествуваа  и фудбалери/ки од ФФМ академијата. На овие семинари родителите им беа презентирани некои основни информации од областа на исхрана (Проф.Д-р Ванчо Поп Петровски), психологија (Проф.Д-р Ленче А. Величковска), образование и однесување кои се неопходни за правилен развој на нивните деца однсоно фудбалери.


Следниот ваков семинар / советување ќе се одржи за родителите од северниот регион и е закажан за 5 Декември 2017 година и истиот ќе се одржи во Скопје во Хотел Континентал. Родителите ќе добијат дополнително информација за детали околу почетокот и програмата преку своите клубови и координаторот на регионот.




   
   
Актуелности

17.05.2019    Вести

Првите луѓе на ФФМ на состанок со асоцијациите членки и раководството на УЕФА

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски имаа средба и со Наташа Андонова. На нашата ...

Календар

07 Јун

20:45 Македонија - Полска
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Јун

20:45 Македонија - Австрија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација