Одржан семинарот за кондициони тренери

Објавено на 10 Декември, 2014 во Вести, Семинари


Денес, со почеток од 11 часот се одржа семинарот за кондициони тренери, физичка подготовка и тренажен процес со млади елитни фудбалери презентиран  од страна на Jean-François Domerque, Loïc Borie UEFA консултант / специјалист за кондициони тренинзи.

На семинарот  беа присутни повеќе од 60 тренери. Презентацијата предизвика огромен интерес кај тренерите кои беа презадоволни од информациите кои ги добија барајќи од федерацијата да организира што е можно повеќе вакви семинари. Задоволни беа и претставниците на УЕФА од интеракцијата и соработката која ја имаа со нашите тренери.



   
   
А репрезентација