Одржан семинар / советување за родители чии деца се членови во клубовите во детските лиги на ФФМ - Скопски регион

Објавено на 06 Декември, 2017 во Вести, Детски лиги, Семинари


Фудбалската федерација на Македонија во насока на подобрување на квалитетот на одржување и одигрување на натпреварите во Детските лиги, одржа семинар и советување за родители чии деца се членови на клубови или тимови кои се натпреваруваат во Детските лиги на ФФМ во Скопскиот регион.

На ова советување, родителите имаа можност да слушнат презентации од областа на спортска и детска психологија и однос родител-спортист-тренер од проф. д-р Ленче А. Величковска, важноста и значењето на учеството во детските лиги од Бојан Марковски и психомоторен развој и исхрана на детето од проф. д-р Ванчо Поп-Петровски, како и препораки за однесување на родителите за време на тренинг и натпревари во детските лиги.

Овие е веќе трет ваков семинар/советување за родителите, а во иднина се планираат и активности во другите региони каде има натпреварување во детските лиги. ФФМ ќе спроведе константна едукација на родителите, како едни од најважните фактори, се со цел создавање на подобри услови за развој на младите фудбалери во здрави личности и спортисти. 





   
   
А репрезентација