Одлуки од Управен одбор на ФФМ

Објавено на 11 Април, 2019 во Вести


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница во „Куќа на фудбалот“ ги донесе следните одлуки:

-  У.О. на ФФМ донесе одлука Фудбалската федерација на Македонија да исплати премија во висина од четири илијади евра за фудбалерите кои настапија за А репрезентацијата на Македонија на квалификациските натпревари за пласман на ЕУРО 2020. против Летонија и Словенија; 

-    У.О. на ФФМ донесе одлука Марјан Стојкоски - Манта да биде назначен за национален координатор на селекциите на Македонија. Марјан Стојкоски е поранешен репрезентативец на Македонија и трофеен фудбалер во прилепска Победа, Македонија Ѓ.П. и Вардар. Како фудбалски функционер беше дел од структурите на ФК Победа и ФК 11 Октомври. Марјан Стојковски е претседател на ОФС Прилеп;

- У.О. на ФФМ донесе одлука Лазар Ракиџиев да биде назначен за потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија. Лазар Ракиџиев е претседател на Општинскиот фудбалски Сојуз - Велес и член на Управниот одбор на ФФМ; 

-  На седницата на Управниот одбор на ФФМ беше проследена информација во врска со одржаниот состанок на Одборот на клубовите од Прва МФЛ каде се дискутираше за формирање на Здружение на клубови од Прва МФЛ (прволигаши) и беше објаснето дека согласно Статутот на ФФМ, клубовите од Прва МФЛ можат во секое време да формираат Здружение на прволигаши и на тој начин дополнително да бидат претставени во Собранието на ФФМ.




   
   
А репрезентација