Објавено на 23 Мај, 2019 во Вести
Комисијата за Лиценцирање на ФФМ врз основа на доставените барања и документација од клубовите во Прва МФЛ, а за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020 ги донесе следниве одлуки:
Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020 на фудбалските клубови:
Академија Пандев АД - Струмица
Беласица АД - Струмица
Македонија ЃП 1932 АД - Скопје
Работнички АД - Скопје
Ренова АД - Скопје
Силекс АД - Кратово
Шкендија АД - Тетово
Шкупи 1927 АД - Скопје
Не се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2019/2020 на фудбалските клубови:
Вардар АД - Скопје
Победа АД - Прилеп
По одлуките на Комисија за лиценцирање, ФК Вардар АД - Скопје поднесе жалба до Комисија за жалби за лиценцирање. Комисијата за жалби за лиценцирање ја разгледа жалбата и ја донесе следната одлука:
Жалбата на ФК Вардар АД - Скопје се одбива како неоснована, одлуката на Комисија за лиценцирање се потврдува. Оваа одлука е конечна.
Одделение за лиценцирање