О Д Л У К И СОСТАНОК НА ДИСЦИПЛИНСКА КОМИСИЈА 29.10.2014

Објавено на 29 Октомври, 2014 во Одлуки


Фудбалерот на Ф.К. “Ренова“ од Џепчиште Незири Меџит,со ИД број 102492 исклучен во 74 минута поради недозволен старт – втор жолт картон на натпреварот од 12 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Ренова – Ф.К.Силекс одигран на ден 25.10.2014 во 14:30 на градскиот стадион во Тетово,  согласно член 35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1(еден)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  26.10.2014 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Тетекс“ од Тетово Јовановски Мирослав,со ИД број 102490 исклучен во 53 минута поради неспортски однос кон главниот судија  на натпреварот од 12 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Тетекс – Ф.К.Работнички одигран на ден 26.10.2014 во 13:30 на градскиот стадион во Тетово,  согласно член 35од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2(два)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  27.10.2014 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Еуромилк“ од Скопје, Ламалари Арсим,со ИД број 104972 исклучен во 88 минута поради недозволен старт – втор жолт картон на натпреварот од 11 коло од Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Шкупи 1927 – Ф.К.Еуромилк одигран на ден 25.10.2014 во 14:30 на  стадионот во Чаир,  согласно член 35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  1(еден)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  26.10.2014 година.

Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар  од Скопје поради  слаба организација:

a)  Поради неспортско ,недолично  однесување на навивачката група “Комити“,извикувајќи зборови со навредлива содржина на верска,национална и лична основа во текот на КУП натпреварот 1-8 финале: Ф.К.“Вардар“ – Ф.К.“Шкендија“ одигран на ден 22.10.2014 во 15,00 часот на Арена Филип втори во Скопје.

Се задолжува ФК“ Вардар“ од  Скопје – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.Шкупи 1927  од Скопје поради неспортско,однесување на навивачката група “Шверцери“,неспортско,вулгарно и навивање со навреди кон противникот со етничка основа, на Куп натпреварот 1/8 финале Ф.К.“Тетекс“ – Ф.К.Шкупи 1927  одигран на ден 14.10.2014 година на градскиот стадион во Тетово.

Се задолжува ФК“ Шкупи 1927“ од Скопје – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена  од  денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.Тетекс  од Тетово поради неспортско,однесување на навивачката група “Војводи“,неспортско,вулгарно и навивање со навреди кон противникот со етничка основа, на Куп натпреварот 1/8 финале Ф.К.“Тетекс“ – Ф.К.Шкупи 1927  одигран на ден 14.10.2014 година на градскиот стадион во Тетово.

Се задолжува ФК“ Тетекс“ од Тетово – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена  од  денот на приемот во врска со погоре наведените настани.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација