О Д Л У К И Дисциплинска комисија 08.10.2014 година

Објавено на 08 Октомври, 2014 во Одлуки


Фудбалерот на Ф.К. “Металург“ од Скопје Стојановски Александар,со ИД број 101603 исклучен во 70 минута поради  вулгарно однесување кон главниот судија на натпреварот од 10 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Металург – Ф.К.Работнички одигран на ден 05.10.2014 во 15:00 на  стадионот во Ѓорче Петров,  согласно член  35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  2(два)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  06.10.2014 година.

Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар  од Скопје поради  слаба организација:

а) Неспортско ,недолично,вулгарно и националистичко однесување на навивачката група “Комити“, во текот на натпреварот Ф.К.“Вардар“ – Ф.К.“Пелистер“ одигран на ден 05.10.2014 во 15,00 часот на стадионот во Ѓорче Петров во Скопје.

 Се задолжува ФК Вардар од  Скопје – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Ф.К.“Шкендија“ од Тетово се казнува со парична казна  од 2,500 (двеилјади ипетстотини ) евра, врз основа на член 48 а во врска со член 36,38 и 51 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради недолично  однесување на навивачката група Балисти и извикување на навредливи слогани за пред и за време на натпреварот, котистење на пиротехнички средства бакли и хартиени ленти, и фрлање со тврди предмети по што е удрен гостинскиот голман по завршување на КУП натпреварот 1/8 финале прв натпревар : Ф.К.Шкендија – Ф.К.Вардар одигран  на ден 24.09.2014 година на Градскиот стадион во Тетово.При одмерување на казната земени се во предвид мерките за обезбедување кои клубот домаќин ги превземал за несметано одигрување на натпреварот.

Ф.К.“Шкупи1927“ од Скопје се казнува со парична казна  од 750 (седумстотиниипедесет ) евра, врз основа на член 48 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ и Пропозициите за натпреварување во втора МФЛ за натпреварувачка 2014-2015 а поради слаба организација - недолично  однесување на навивачката група Шверцери фрлање тврди предмети и шишиња на терен за време на натпреварот и необезбедување на разглас и спикер на КУП натпреварот 1/8 финале прв натпревар : Ф.К.Шкупи 1927 – Ф.К.Тетекс одигран  на ден 24.09.2014 година на стадионот во Чаир во Скопје.При одмерување на казната земени се во предвид мерките за обезбедување кои клубот домаќин ги превземал за несметано одигрување на натпреварот.

Ф.К.“Скопје“ од Скопје се казнува со парична казна  од  350 (тристотини и педесет ) евра,согласно  член 48 , а во врска со член3, 8, 13,16 од  Дисциплинскиот правилник на ФФМ  а поради слаба организација вербален инцидент во судиската соблекувална помеѓу контролорот на натпреварот и домашниот претставник на натпреварот од  5 коло втора МФЛ: Ф.К.Скопје – Ф.К.Еуромилк одигран  на ден 07.09.2014 година на стадионот на Железарница во Скопје.

Ф.К.“Шкендија“ од Тетово се казнува со парична казна  од 1,500 (илјадаи ипетстотини ) евра, врз основа на член 48 а во врска со член 36,38 и 51 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради недолично  однесување на навивачката група Балисти и извикување на навредливи слогани , користење на пиротехнички средства бакли на натпреваротод 9 коло прва МФЛ: Ф.К.Шкендија – Ф.К.Тетекс одигран  на ден 28.09.2014 година на Градскиот стадион во Тетово.При одмерување на казната земени се во предвид мерките за обезбедување кои клубот домаќин ги превземал за несметано одигрување на натпреварот.

Ф.К.“Скопје“ од Скопје се казнува со парична казна  од  500 (петстотини ) евра,согласно  член 48 , од  Дисциплинскиот правилник на ФФМ  а поради кршење на стакло во судиска соблекувална на натпреварот од  7 коло втора МФЛ: Ф.К.Скопје – Ф.К.Врапчиште одигран  на ден 27.09.2014 година на стадионот на Железарница во Скопје.




   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација