Објавено на 11 Март, 2016 во Вести, Семинари
Во периодот од 10. до 16. март во
Спортскиот центар „Истатов“ во Дојран се одржува третиот дел од курсот за УЕФА
„А“ лиценца на кој кандидатите треба да го спроведат практичниот дел од испитот
составен од анализа на противникот, подготовка на против игра и неделен микроциклус.
Во групата која го следи курсот за УЕФА „А“ лиценца меѓудругите се и
поранешните репрезентативци Николче Новески, Александар Митревски, Славчо
Георгиевски, Филип Деспотовски Драган Начевски, Миле Крстев, како и Суад
Зендели, Никола Карчев, Игор Стојанов фудбалери кои оставиле белег во македонскиот
фудбал.
Нашиот Матеј Георгиев беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот на кои само Македонија беше претставувана од Акаде...