Минимален пораз од Шпанија

Објавено на 12 Јуни, 2017 во Вести, Вести


Нашата најдобра репрезентација претрпе минимален пораз од 1:2 од Шпанија во 6-иот квалификациски  натпрвар од „Г" групата за Светското првенство 2018 во Русија.
Нашите репрезентативци во првиот дел не беа на потребното ниво, а тоа квалитетните  шпанци го материјализираа со два гола. Најпрво во 15 минута Давид Силва доби топка шеснаестерецот и од десеттина метри успеа да го совлада голманот Столе Димитриевски за водство на гостите.
Шпанците го удвоја во 27-та минута кога Иско продре по десната страна и асистираше на другата страна до осамениот Диего Коста, кому не му беше тешко да ја протне топката во празната мрежа за резултат 0:2.
Во второто полувреме нашите репрезентативци одиграа похрабро, и тоа донесе гол во гостинската мрежа и неизвесност до крајот. Се играше 66-тата минута кога Пандев на средината на теренот го проигра во празно Ристовски, кој се впушти во соло акција по десната страна и со силен удар го матираше Де Хеа, за враќање на надежта за избегнување на поразот. Последната шанса ја имаше Несторовски при самиот крај кога во идеална позиција беше втурнат, но тој ниту падна а ниту шутираше кон протовничкиот гол. 

На крајот резултатот гласеше 1:2 за Шпанија, а за нашата репрезентација вреди да се напомене дека на овој натпревар свој дебитантски настап имаше младиот талентиран македонски репрезентативец Елиф Елмас, кој има само 17 години, исто како и Кристијан Тошевски.

МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈА 1-2 (0-2)
Арена „Филип Втори“.
Гледачи: 20.000.
Судија: Павел Гил (Полска).
Стрелци: Ристовски 66’ Македонија) Силва 15’, Коста 27’ (Шпанија).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Тошевски (74’ Трајковски), Шиков, Мојсов (85’ Тричковски), Ристевски, Стјепановиќ (46’ Елмас), Спировски, Алиоски, Ристовски, Пандев, Несторовски.
ШПАНИЈА: Де Хеа, Карвахал, Рамос, Пике, Жорди Алба, Бускетс, Тијаго (74’ Коке), Иниеста (90’ Саул), Силва (69’ Педро), Иско, Диего Коста.



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација