Милевски и Атанасов:Честитки за тимот, Македонија до 21 година мора да напредува на секоj следен натпревар

Објавено на 10 Октомври, 2019 во Вести, До 21 год


По победата против Црна Гора на гостински терен, македонската репрезентација до 21 година има максимални шест бодови по две кола во групата од квалификациите за Европското првенство 2021. Селекторот Благоја Милевски и капитенот Јани Атанасов не криејќи го задоволството по триумфот во Подгорица, велат дека оваа генерација мора да напредува на секои следен дуел и да ја продолжи низата победи. 

- Честитки за фудбалерите, честитки за фудбалерите. Посакувам само да продолжи да не краси овој пристап. Момците максимално сериозно влегоа во натпреварот и успеавме да ја оствариме целта. Имаме уште многу работи за поправање во играта, но добро е што победуваме и кога има одредени недостатоци во играта. Тоа ќе се обидеме да го поправиме на следните натпревари. Овој дуел во Подгорица го забораваме и уште вечерва се концентрираме на домашниот натпревар против Казахстан, изјави Благоја Милевски.

- Како капитен на репрезентацијата сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи за победата вечерва против Црна Гора. Навистина одигравме храбар натпревар и среќни сме што успеавме да го свртиме резултатот во наша корист. Дадов два гола, но за мене тоа не е толку важно. Битно е дека како тим бевме подготвени, ја сакавме победата и мора да продолжиме во истиот правец. Се надевам дека ќе растеме во секој поглед на следните дуели од квалификациите, изјави Јани Атанасов. 






   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација