Македонските селекции до 17 и 19 години ќе добија ривалите во квалификациските рунди за ЕП

Објавено на 06 Декември, 2018 во Вести


Македонската репрезентација до 19 години е во групата 11 заедно со Англија, Босна и Херцеговина и Луксембург во квалификациската рунда за Европското првенство 2020 година. 

Натпреварите од турнирот ќе се одиграат во периодот од 13. до 19. ноември 2019. година во нашата земја. Првопласираните две репрезентации од секоја група и една најдобротретопласирана ќе се пласираат во елитната рунда чии мечеви ќе се играат во пролетта 2020.

Нашата репрезентација до 17 години е во групата 1 заедно до Полска, Белгија и Лихтенштајн во квалификациската рунда за ЕП 2020. Натпреварите ќе се одиграат од 9. до 15. ноември 2019. година, а домаќин на турнирот ќе биде Полска. 



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација