Македонската репрезентација со голем триумф против Словенија

Објавено на 11 Октомври, 2019 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација оствари важен триумф против Словенија во квалификациите за ЕУРО 2020. Нашата селекција славеше со 2:1 на Националната арена “Тодор Проески”. 

Елиф Елмас одигра “партија за паметење, постигнувајќи ги двата гола за Македонија. Нашиот репрезентативец го совлада Јан Облак во 50. и 68. минута. Гостинскиот напаѓач Иличиќ реализираше пенал во судиското надополнување за конечни 2:1. 

Македонската репрезентација доминираше, посебно во второто полувреме. Во првиот дел постигнавме погодок преку Елмас во последната минута, но беше поништен поради офсајд. 

На стартот на второто полувреме, Елмас го даде првиот гол по проигрување на Пандев. Напаѓачот на Наполи реализираше и втор пат во 68. минута, откако Алиоски го проигра, а акцијата ја започна Адеми. 

До крајот, македонската репрезентација ја смири играта, Словенија немаше шанса, се обидуваа единствено преку Иличиќ, кој доби пенал во 94. минута. Иличиќ го реализираше и ги постави конечните 2:1. 

Во квалификациската група, македонската репрезентација сега е на третото место со 11 бодови, колку што има и Словенија. Полска е лидер со 16, Австрија има 13 на второто место. 

На 13. октомври, нашата репрезентација гостува во Варшава против Полска. 



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација