Македонската репрезентација го одржа првиот тренинг во Рига. Спировски и Муслиу гарантираат борба за секоја топка и наша победа

Објавено на 07 Септември, 2019 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација попладнево го одржа првиот тренинг во Рига како подготовка за натпреварот од квалификациите за ЕУРО 2020 против домашната Летонија. На тренингор на стадионот на „Аркадија“ тренираа сите фудбалери кои се во репрезентативниот состав.

Дефанзивецот Висар Муслиу и фудбалерот од средниот ред, Стефан Спировски велат дека во натпреварот ќе влеземе како фаворити, гарантираат борба за секоја топка и победа на гостински терен.

Се бориме за секоја топка. На хартија сме фаворит, но мора да внимаваме. Мора да ги избришеме сите грешки што ги имавме со Израел и да имаме контиунитет на игра како што знаеме. Летонија нема добри резултати, загуби со голема разлика од Австрија, но тоа може да ги мотивира на домашен терен да играат најдобро што знаат со Македонија. Треба да ја гледаме нашата игра, а помалку да се оптоваруваме со противникот“, изјави Муслиу.

„Во Израел стигнавме само до бод, иако одигравме солидно. Имавме шанси и мислам доколку победевме немаше да биде незаслужено. Против Летонија сме фаворити и верувам дека ќе го докажеме тоа на терен и ќе запишеме победа. Против Австрија немаа никакви шанси за успех, но наше е да одиграме како што треба, да ги искористиме нивните слабости и да славиме победа“, рече Стефан Спировски.

Утре од 10:00 часот македонската репрезентација ќе го одржи официјалниот тренинг. 



   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација