Македонската репрезентација го одржа првиот тренинг на израелска почва

Објавено на 03 Септември, 2019 во Вести, Вести

Тричковски и Алиоски: Бодовите мора да ги заслужиме на терен. Ќе дадеме се од себе.

Македонската А репрезентација денеска во израелски Ашдод во комплетен состав го одржа првиот тренинг. Нашите репрезентативци Пандев, Несторовски, Спировски, Трајковски и Димитриовски, директно од клубовите пристигнаа во Израел и го одработија првиот тренинг на израелска почва. Еден од нашите најдобри напаѓачи, Иван Тричковски вели дека тимот добро ќе се подготви и ќе одговори на сериозниот предизвик в четврток на натпреварот во Бер Шева.

-Израел игра на домашен терен, има предност, но ние имаме уште два дена, кои се надевам дека ќе бидат доволни, за да се подготвиме и да одговориме на предизвикот. Домашниот тим веројатно има поголем императив за победа, но ние знаеме како да одговориме. Не размислувам дали ќе го започнам дуелот, кога доаѓам да играм за националниот тим секогаш сум подготвен на се. Зад нас ги оставивме двата меча со Полска и Австрија, не ги заборавивме болните порази и сигурен сум дека извлековме поуки. Знаеме што не треба да правиме, а ако секој од нас си ја врши задачата сметам дека нема да имаме проблеми, изјави Тричковски. 

Езџјан Алиоски смета дека бодовите треба да се заслужат на терен, очекува максимални шест од двете пресметки, најпрвин со Израел, а потоа и со Летонија.

-Секогаш кога ќе дојдам тука со репрезентацијата, подготвен сум да дадам максимум. Така е и со сите играчи. Лесно е да се каже со зборови дека очекувам шест бодови, и тоа е можно и на теренот, но треба да го дадеме максимумот.  Сега треба да го добиеме Израел, и потоа со поголема самодоверба да играме и со Летонија и таму да победиме“, рече Алиоски.

Нашата репрезентација утре во 19:00 часот ќе го одржи официјалниот тренинг. Натпреварот се игра на стадионот во Бер Шева в четврток во 20:45 часот. 






   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација