Македонија одигра 1:1 против Словенија во Љубљана

Објавено на 24 Март, 2019 во Вести, Вести


Најдобрата македонска репрезентација одигра 1:1 против Словенија во натпревар од 2. коло од квалификациите за ЕУРО 2020. На пресметката на “Стожице” во Љубљана, Енис Барди погоди за реми на Македонија и четири бода по првите две кола од квалификациите. 

Македонија имаше негатива по првите 45. минути кога Зајц со глава го матираше Димитриевски во 34 минута. Македонија со погодокот во 47 минута брзо се врати игра, имавме и шанси да поведеме, но нашата одбрана е таа која е најзаслужна за ремито 1:1. 

Одиграа храбро нашите фудбалери во Љубљана каде конечните 1:1 се реален исход од она што го одиграа двете селекции во текот на целиот натпревар. Алиоски аситира, Барди го совлада Облак. 

Алиоски украде топка од Стојановиќ во 47 минута, асистираше до Барди, а овој со удар од 15 метри го матира моќниот Јан Облак. Во првиот дел Барди и Пандев имаа супер шанси но и двајцата биеја над голот.

Егзон Бејтулаи беше вистинскиот потег на Ангеловски. Ја спаси нашата мрежа во 55 минута кога сите ја видоа топката во мрежата, Димитриевски беше паднат, но Егзон од самата гол линија спасува 2:1 за Словенија при ударот на Зајц од 5-6 метри. До крајот Словенија немаше вистинска прилика за погодок. 

Македонската фудбалска репрезентација има добар старт во квалификациите за ЕП 2020. Имаме добри 4 бодови и сме при врвот на табелата на која само Полска е максимална. По победата над Летонија и денешниот бод на гости во Словенија се чини дек нашите момци ја исполнија зацртаната мисија. Никогаш не сме имале максимален старт со шест бода во ниту еден циклус, ќе беше добро да биде тоа сега но и вака треба да сме задоволни. Сега на ред се Полска и Австрија во јуни во Скопје.

СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 1:1 (1:0)

Стрелци: Зајц 34’ – Барди 47’

Ж. Картони: Иличиќ, Јокиќ – Бејтулаи, Муслиу, Пандев, Николов

Гледачи: 9.872

Главен судија: Хавиер Естрада Фернандес од Шпанија.

СЛОВЕНИЈА: Облак, Струна, Крхин, Иличиќ, Куртиќ, Шпорар (Бериќ 71’), Зајц (Захович 90’), Јокиќ, Мевља, Стојановиќ, Вербиќ (Чрнигој 84’).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Бејтулаи, Муслиу, Алиоски (Ристевски 92’), Пандев (Трајковски 76’), Ристовски, Велковски, Николов, Барди, Елмас, Несторовски (Маркоски 88’).



   
   
Актуелности

15.04.2019    Вести

Муамед Сејдини на официјален состанок со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин

Александар Чеферин: УЕФА со сигурност ќе остане цврст партнер на Фудбалската федерација на Македонија....

Календар

07 Јун

20:45 Македонија - Полска
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Јун

20:45 Македонија - Австрија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација