Објавено на 22 Март, 2019 во Вести, До 21 год
Македонската репрезентација до 21 година е поразена од Украина со 3:1 на првиот натпревар од турнирот „Анталија куп“ во Турција.
Украина рано, уште во 5. минута го отвори резултатот со погодокот на Вантук. Потоа се обидовме да израмниме преку шансите на Трапановски и Абаз, но без посакуваниот ефект. Трапановски ја погоди гредата од голот на противникот, а Абаз од идеална ситуација не беше прецизен.
Во второто полувреме, во кое имаше многу замени во двата состави, Украина преку Семеникон зголеми на 2:0, а на десет минути до крајот се беше јасно откако Топалов реализираше по грешка на нашиот голман за убедливи 3:0. Во 85. минута Марио Крстовски го постигна единствениот гол за нашата репрезентација намалувајќи на 3:1.
Македонија до 21 година: Томас Божиновски, Филип Антовски, Агрон Руфати, Есмин Личина, Милан Ристовски, Јани Атанасов, Емил Абаз, Давор Здравковски, Кристијан Трапановски, Димитар Митровски, Тодор Тодоровски; Ване Јованов, Филип Трајановски, Ристо Јанков, Бехјан Аметов, Бесард Шабовиќ, Немар Садики, Марко Феруковски, Марио Крстовски, Милош тошевски, Ердон Таци, Даниел Миловановиќ, Даниел Котевски, Кристијан Ацковски, Михаил Маневски;
За нашиот национален тим следуваат натпревари против Летонија (24. март) и Естонија (26. март), а нема да ги одмериме силите со Казакхстан бидејќи се наоѓаме во иста квалификациска група за Европското првенство 2021 година.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...