Објавено на 14 Март, 2019 во Вести, До 21 год
Македонија до 21 година овој месец, од 18. до 27. март во Турција ќе биде дел од силниот „Анталија Куп“ на кои покрај нашата млада селекција ќе учествуваат репрезентациите на Украина до 21 година (22. март), Летонија до 21 година (24. март), Естонија до 21 година (26. март) и Казакхстан до 21 година. Нашата репрезентација нема да се соочи со Казакхстан на контролниот турнир во Турција од причина што двете селекции се во иста група од квалификациите за ЕП 2021.
Селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски за натпреварите од „Анталија Куп“ прати повик до следните фудбалери:
Голмани: Томас Божиновски (Фиеренсе, Португалија), Ристе Јанков (Работнички), Даниел Котевски (Победа); Одбрана: Нехар Садики (Ренова), Агрон Руфати (Истра 1961, Хрватска), Есмин Личина (Скопје), Филип Трајановски (Академија Пандев), Филип Антовски (Динамо Загреб, Хрватска), Михаил Маневски (Академија Пандев), Тодор Тодоровски (Осијек, Хрватска), Ване Јованов (Академија Пандев); Среден ред: Давор Здравковски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Јани Атанасов (Бурсаспор, Турција), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија), Кристијан Ацковски (работнички), Милош Тошевски (Земун, Србија), Марко Ферукоски (Офенбах, Германија), Бесард Шабовиќ (Дјургарден, Шведска); Напад: Бејхан Аметов (Борусија Дортмунд, Германија), Милан Ристовски (Ријека, Хрватска), Марио Крстовски (Академија Пандев), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Емил Абаз (Бершот, Белгија), Ердон Даци (Коњаспор, Турција);
По нецела година Благоја Милевски повторно ќе ја предводи репрезентацијата на Македонија до 21 година. Под водство на Благоја Милевски нашата млада селекција го оствари историскиот успех со пласманот на Европското првенство во Полска 2017. година.
Таа генерација македонски фудбалери која беше прва селекција во историјата на мак-фудбалот која се изборила за настап меѓу 12. најдобри репрезентации во Европа беше во низа од 12 меча без пораз. Голем број од фудбалерите кои сега се дел од А репрезентацијата на Македонија (Дени Илиев, Дамјан Шишковски, Визар Муслиу, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Елиф Елмас, Енис Барди, Бобан Николов, Кире Маркоски) ја почувствува горчината на поразот на првиот меч од квалификацискиот циклус за ЕП 2017 на гостувањето кај Исланд (3-0) и се издигнаа за на крајот први да минат низ целта во конкуренција на Франција, Исланд, Украина, Шкотска и Северна Ирска.
Тој резултат, со оглед на тоа дека Македонија долго чекаше на пласман на големо натпреварување, беше означен како историски и донесе верба дека македонскиот фудбал ќе има прилика повторно да игра важна улога не само на квалификациските натпревари, туку и на завршните турнири.
-Се радувам на новите предизвици и можноста повторно да соработуваме. Свесен сум за ситуацијата која е пред нас, но не се плашиме, верувам во репрезентацијата, во момците и ќе бидеме подготвени за новите предизвици. Веројатно ова е една од најтешките задачи во мојата кариера, но тука сум, повик од националната репрезентација не се одбива. Квалитет постои, знам дека можеме да успееме и не би прифатил ангажман доколку не верувам во момците и во својата работа. Се надевам дека може да направиме резултат, изјави Благоја Милевски, по назначувањето за селектор на Македонија до 21 година.
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....