Македонија до 19 години со 5:0 ја победи Финска до 19 години

Објавено на 27 Февруари, 2018 во Вести, До 19 год


Репрезентацијата на Македонија до 19 година забележа убедлив триумф од 5:0 против Финска на првиот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран на теренот со вештачка трева на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Филип Стојчевски со гол во 15. минута ја најави убедливата победа, а потоа свој печат ставија Јани Атанасов со погодок од пенал во 52. минута и најдобриот играч на теренот, Бојан Колевски со хет-трик. Играчот на Вардар беше прецизен во 54., 58. и 89. минута.

Голем удар за селекцијата предводена од ВУјадин Станојковиќ е повредата на Миле Тодоров. За овој двомеч Станојковиќ ги нема на располагање Димитар Митровски, Ељиф Елмас и Дарко Чурлинов. 

Во март ќе ги играме квалификациите во Елитната фазаза пласман на ЕП, а почнуваме со Летонија на 21. март. Во Скопје гости ќе ни бидат и Унгарија, селекција со која ќе ги одмериме силите три дена подоцна и главниот фаворит Англија за завршница на турнирот, на 27. март.

МАКЕДОНИЈА - ФИНСКА 5:0 (1:0)

(1:0 Филип Стојчевски 15`, 2:0 Јани Атанасов 52`, 3:0 Бојан Колевски 54`, 4:0 Бојан Колевски 58`, Бојан Колевски 89`)

Пријателски натпревар, Тренинг Центар „Петар Милошевски“, Скопје

Македонија до 19 години: 1. Христијан Стевковски, 2. Тодор Тодороски (14. Кирил Ристовски 81), 3. Михаил Маневски (13. Филип Антовски 87), 4. Миле Тодоров (17. Енис Фазлагиќ 24), 5. Агрон Руфати (16. Оливер Стоименовски 86), 6. Филип Трајановски, 7. Марко Ферукоски, 8. Јани Атанасов (18. Бојан Миовски 63), 9. Бојан Колевски, 10. Филип Стојчевски, 11. Крисијан Трапановски;





   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација