Македонија до 18 години: Реми на вториот контролен дуел со Бугарија

Објавено на 17 Мај, 2018 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 18 години одигра 2:2 против соодветната селекција на Бугарија на вториот контролен дуел во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Нашите млади момчиња за разлика до првиот нтаревар во кој славеа убедлива победа од 3:0, во реванш средбата имаа негатива од 0:2. Бугарија поведе со головите на Бурков во 6. и 22. минута. Во 57. минута Колевски промаши пенал, но тоа како да беше најава дека сепак ќе го избегнеме поразот. Веќе во следната акција Манев ја преполовува гостинската предност, а Чурлинов во 90 минута донесе гол за реми.

МАКЕДОНИЈА: Велковски, Антовски, Рамадани, Гроздановски, Чурлинов, Колевски, Стојановски, Ивановски, Наумоски, Манев. На клупата за резерни фудбалери беа: Денковски, Миладинов, Алексовски, Наумчевски, Додевски, Трпчевски, Тошевски и Пановски

БУГАРИЈА: Иванов, Димитров, Дичев, Личев, Станчев, Груев, Костов, Попов, Чуканов, Ангелов и Борков. 





   
   
Актуелности

14.11.2018    Вести

Интервју со в.д. председателот на ФФМ, Мухамед Сејдини

Инвестицијата во фудбалски игралишта е добра инвестиција. Ќе продолжиме со различни активности за развој на фудбалот. М...

Календар

17 Ное

17:00 Чешка - Македонија
    У19 квалификации за Европско

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации

20 Ное

17:00 Луксембург - Македонија
    У19 квалификации за Европско
А репрезентација