Македонија до 17 години на силен турнир во Турција

Објавено на 08 Јануари, 2019 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 17 години од 13. до 19. јануари ќе учествува на меѓународниот турнир "Mercedes Benz Aegen Cup" во Кушадаси, Турција. Нашата селекција предводена од селекторот Горан Станковски е во група со Шпанија, Русија и Албанија. Првиот натпревар го играме на 14. јануари против Шпанија, на 15. јануари ќе се спротивставиме на Русија, а последниот натпревар од групата го играме против Албанија на 17. јануари.

Селекторот Горан Станковски за силниот турнир во Турција ќе смета на следните фудбалери:

Лука Стојковски (Вардар), Филип Ваневски (Њу Старс), Христијан Николовски (Македонија Ѓ.П.), Љаврдим Ибрахими (Работнички), Андреј Стојчевски (Вардар), Самет Реџепи (Шкупи), Филип Ѓоргоски (Вардар), Грегори Давков (Вардар), Лука Ѓорѓиевски (Војводина, Србија), Салих Муслиоски (Алтах, Австрија), Петар Давидовски (Вардар), Христијан Георгиевски (Работнички), Октај Ракипи (Шкендија), Рамиз Беровиќ (Работнички), Емир Саитоски (Домжале, Словенија), Муртезан Незири (Њу Старс), Албан Таипи (Ренова), Дарко Марковски (Работнички), Бехар Фета (Њу Старс), Филип Трпчевски (Хакен, Шведска);

-Силен турнир и одлична можност за нас да се обидеме да се спротивставиме на силни селекции. Секогаш е вистински предизвик да се надигруваме против репрезентации од рангот на Шпанија и Русија. Исто така, за нас ова е можност подобро да се запознаеме со фудбалерите и нивните квалитети имајќи в предвид дека ова е нова генерација со која работиме, а која во октомври ќе настапи на квалификациски турнир за репрезентации до 17 години. Се надевам дека ќе извлечеме многу позитивни работи од силниот турнир во Кушадаси, изјави селекторот Горан Станковски




   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација