Македонија до 16 години: Втора победа против Словенија

Објавено на 31 Мај, 2018 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 16 години ја оствари и втората победа против Словенија. Нашата селекција на вториот контролен натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“ славеше со 2:0. Методи Максимов во 62. и Иван Николов во 76. минута беа стрелци на головите за тимот предводен од Марио Вујовиќ. Во текот на целиот меч нашите кадети беа подобри и заслужено славеа. Инаку ова беше втор меч со Словенија за само два дена и втора победа. Завчера победивме со 1:0.

Во 62. минута Максимов погоди по асистенцијата на Арифи, а конечните 2:0 беа дело на Николов во 76. минута кога најпрво Ѓурковски шутираше со глава, а топката ја погоди стативата, натрча Николов и ја смести во голот.

Македонија 16 години: Ваневски, Мурати, Стоменов, Гјурковски, Салиу, Николов, Андоновски, Станковски, Арифи, Фетаи и Максимов. Подоцна во игра влегоа и Тодоровски, Костески, Костовски, Терзиев, Аврамовски, Омерагиќ, Камили, Сали.





   
   
Актуелности

26.02.2020    Вести

ФФМ го одржа годишниот форум на тренери

На форумот во Скопје, повеќе од 400 домашни тренери, носители на УЕФА диплома ги слушнаа предавањата за трендовите во мо...

Календар
А репрезентација