Македонија до 16 години одигра без голови против Романија, нашата селекција подобра по изведување пенали

Објавено на 05 Ноември, 2019 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 16 години одигра нерешено, без голови против врсниците од Романија на првиот натпревар од пријателски карактер одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Во договор меѓу двете селекции, победникот се решаваше на пенали, а нашата репрезентација беше подобра со 5:4. 

Во регуларните 90. минути двете селекции не постигнаа погодок. Најубавата прилика за нашата селекција предводена од Драган Канатларовски не ја искористи Георг Стојановски во второто полувреме, а убава шанса за победа на македонската репрезентација не искористи и Дашмир Елези. 

Македонија до 16 години: Стефан Тасев, Марко Ристов (66` Никола Павлевски), Бљенд Зекири, Енис Буќи (89` Борјан Попоски), Матеј Ангелов (66` Давид Љушев), Дашмир Елези (84` Огнен Здравковски), Георг Стојановски (66` Михаил Талевски), Бесар Гуџуфи (80` Матео Софијановски), Игор Јаневски, Мите Митев (80` Мирче Стоилов), Хамса Меметриза (66` Матеј Ѓорѓиев); 

Двете репрезентации вториот контролен натпревар ќе го одиграат в четврток од 11:00 часот. 



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација