Македонија до 16 години ќе одигра два пријателски натпревари против Романија

Објавено на 04 Ноември, 2019 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 16 години (генерација 2004.)  утре и во четврток на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе одигра два контролни натпревари со селекцијата до 16 години на Романија. Селекторот на нашата репрезентација, Драган Канатларовски за натпреварите против Романија ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Стефан Тасев (Вардар), Васко Василев (Црвена Звезда, Србија);

Одбрана: Никола Павлески (Вардар), Игор Јаневски (ВАрдар), Бленд Зекири (Работнички), Енис Бучи (Шкупи), Мирче Стоилов (Академија Пандев), Марко Ристов (Работнички), Борјан Поповски (Работнички);

Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Мемедриза Хамза (Шкендија), Матеј Ѓорѓиев (Брегалница), Мите Митев (Академија Пандев), Огнен Здравковски (Вардар), Давид Љушев (Вардар), Матео Софијановски (Њу Старс);

Напад: Георг Стојановски (Вардар), Михаил Талевски (Работнички), Дашмир Елези (Шкендија), Бесар Гучуфи (Вардар); 

Утрешниот натпревар се игра од 13:00 часот, додека реванш дуелот е закажан во 11:00 часот. 




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација