Македонија до 15 и Македонија до 16 години на турнири во БиХ

Објавено на 05 Април, 2018 во Вести, До 17 год


Македонските репрезентации до 15 и 16 години ќе учествуваат на турнири во Босна и Хецеговина. Репрезентацијата до 15 години предводена од Звонко Златановски ќе биде дел од пријателскиот турнир „Јосип Каталински – Шкија“ кој се одржува од 06. до 09. април во Сараево.

За македонската репрезентација до 15 години ќе настапат следните фудбалери: Стефан Митрев (ФК Баден), Филип Ваневски (Академија ФФМ), Јавдрим Ибрахими (Академија ФФМ), Грегори Давков (Академија ФФМ) , Христијан Николовски (Академија ФФМ), Филип Ѓорговски (ФК Вардар), Сафет Реџепи (Академија ФФМ), Абдулах Хасани (ФК Вардар), Дарко Стојановски (Академија ФФМ), Октај Ракипи (Академија ФФМ), Рамиз Беровиќ (ФК Работнички), Христијан Ѓеоргиевски (Академија ФФМ), Петар Давковски (ФК Вардар), Бехар Фета (Академија ФФМ), Дашмир Елези (ФК Шкендија), Лео Андрески (ФК Вардар), Антонио Марков (ФК Вардар), Муртазан Назири (ФК Њу Старс), Албан Таипи (ФК Ренова), Ване Крстевски (Академија ФФМ);  Селектор: Звонко Златановски

Македонија утре го отвора турнирот против селекција на град Сараево, потоа ќе одиграме уште два натпревари против БиХ и селекција на град Белград.

Репрезентацијата до 16 години ќе учествува на развоен турнир исто така во Сараево на кои ќе настапат селекциите на Азербејџан, Хрватска и домашната Босна и Херцеговина.

Марио Вујовиќ ја предводи репрезентацијата на Македонија до 16 години, а ќе смета на следните фудбалериАлчевски Марко (Академија Пандев), Алекса Јорданов (Црвена Звезда, Србија), Филип Костовски (Њу Старс), Петелчук Антонолиј (Вардар), Асани Али (Вардар), Терзиев Спасе (Академија Пандев), Ѓурковски Александар (Вардар), Сали Јасин (Њу Старс), Горазд Стојменов (Њу Старс); Николов Иван (Академија Пандев) Илиевски Марко (Вардар), Тодоровски Димитар (Работнички), Владе Новевски (Војводина, Србија), Лука Станковски (Работнички), Саве Сврамовски (Црвена Звезда, Србија ), Васко Иванов (Академија Пандев), Костески Марио (Работнички), Салиу Фесник (Вардар) Максимов Методи (Работнички) и Азер Омерагиќ (Вардар). Селектор: Марио Вујовиќ

На 11. април Македонија игра против Азербејџан, два дена подоцна се соочуваме со БиХ, додека на 15. април играме против Хрватска. 



   
   
Актуелности
Календар

23 Окт

11:00 Шпанија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
15:15 Израел - Македонија
    У17 квалификации за Европско

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација