Македонија до 15 години одигра нерешено со Кипар на пријателски натпревар

Објавено на 03 Декември, 2019 во Вести


Македонската репрезентација до 15 години одигра 1:1 против врсниците од Кипар на првиот пријателски натпревар одигран на гостински терен.

Нашата младинска репрезентација предводена од Тони Јакимовски поведе со 1:0 во 64. минута со погодокот на Арбин Курти, а домашните фудбалери израмнија десет минути подоцна. На две минути до крајот од натпреварот, кипраните од пенал имаа шанса за победа, но ја погодија стативата од голот на Давид Стојановиќ. Нашата селекција преку Зани, Стојилевски и Талевски имаше одлични шанси за втор погодок, но не беа искористени, а посебно „зицерот“ за израмнување преку Никола Талевски во последните минути од дуелот. 

Македонија до 15 години: 1. Давид Стојановиќ, 3. Зоран Фидановски, 5. Марко Стојилевски, 4. Симеон Здравковски, 2. Матеј Јаневски, 19. Горјан Цветков, 8. Мартин Ѓорѓиевски, 10. Азис Јамини, 11. Мухамед Елмас, 14. Кире Стојанов, 17. Зани Назифоски;

12. Илија Апостоловски, 13. Бесник Небиу, 18. Андреј Аризанковски, 6. Стефан Тодоровски, 20. Александар Трајчевски, 16. Амир Нухија, 15. Никола Величковски, 7. Арбин Курти, 9. Никола Талевски; 

В четврток од 14:30, двете репрезентации ќе го одиграат вториот контролен натпревар. 



   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација