Македонија – Романија 2:1, Благоја Милевски дебитираше со победа

Објавено на 14 Октомври, 2014 во До 21 год

Репрезентацијата на Македонија до 21. година ја совлада Романија со 2:1 во контролниот натпревар одигран на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Новиот предводник на нашите надежи Благоја Милевски со победа дебитираше на клупата на македонската селекција. Давид Бабунски во 30. минута со одличен погодок од слободен удар ја најави победата на нашата репрезентација. Во првиот дел Нафиу и Николов пропуштија убави прилики за удвојување на водството. Едис Барди во 62. минута погоди за 2:0 откако Бабунски прекрасно асистираше. Сепак, романците резултатски се вратија во игра откако Балгаса во 69. минута ја искористи нашата грешка во одбраната.

У-21: МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА 2-1 (1-0)

МАКЕДОНИЈА: Шишковски, Ристовски, Зајков, Велковски, Демири, Барди, Николов, Радевски, Бабунски, Нафиу, Пивковски.

Уште играа: Мустафов, Тимовски, Имери, Ангелов, Картал.

РОМАНИЈА: Којочару, Балгаса, Неаг, Болдор, Филип, Јулиан, Дан, Бумба, Ванку, Танасе, Баунт.

Уште играа: Митрица, Паун, Недеску, Неделку,Ротариу, Тиру, Росу.





   
   
А репрезентација