Контроли на младинските репрезентации: репрезентацијата до 19 победи против Бугарија, реми со Унгарија за репрезентативците до 17 години

Објавено на 03 Септември, 2019 во До 19 год, До 17 год


Македонската фудбалска репрезентација на првиот од двата контролни натпревари во Благоевград, Бугарија кој се одигра на 3. септември победи со 2-1. Репрезентацијата предводена од Горан Станиќ поведе во 51 минута од натпреварот со успешно изведен удар од белата точка од страна на капитенот Агон Елези, а во 75 минута Кире Трпчевски го зголеми водството на 2-0. До конечните 2-1 и ублажување на поразот дојде по погодокот за Бугарија во 84 минута.

За Македонската репрезентација до 19 години настапија: Матеј Андов, Георге Јанкулов, Ване Тасевски, Александар Ѓурковски (Божидар Митревски 80'), Бојан Димовски (Куштрим Таири 88'), Јетон Даути (Иван Николов 80'), Агон Елези, Димитар Тодоровски (Арби Воша 63'), Методиј Максимов, Кире Трпчевски, Џемаил Ибиши (Давид Тошевски 63').


Репрезентацијата до 17 години предводена од селекторот Горан Станковски го започна натпреварот со рано водство по погодокот на Дашмир Елези уште во 12 минута, а водство од 2-0 донесе Кристијан Тасевски во 17 минута. Унгарија намали на 2-1 со гол на Бакос во 30 минута, а конечните 2-2 ги постави Сзујо во 51 минута од натпреварот.

Двете репрезентации ќе одиграат уште по една средба со истите противници, и тоа на 5. септември, 2019 г.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

Календар
А репрезентација