Конкурс за упис на 20 тренери кандидати за добивање на УЕФА ПРО Тренерска Диплома

Објавено на 11 Јануари, 2019 во Вести, Семинари


ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

и

ЦЕНТАР ЗА ЕДУКАЦИЈА

Објавуваат

КОНКУРС

За упис на 20 тренери кандидати за добивање на УЕФА ПРО Тренерска Диплома. Конкурсот се објавува согласно правилникот за работа на Центарот за Едукација при Фудбалската Федерација на Македонија како и минималните услови за упис на УЕФА ПРО нивото и согласно УЕФА Конвенцијата за меѓусебно признавање на тренерски квалификации.

Услови кои кандидатите треба да ги исполнат за упис на УЕФА ПРО Диплома се:

1.  Да е државјанин на Република Македонија

2.  Да поседува УЕФА А Диплома

3. Да има познавање на еден светски јазик (англиски, германски или француски) на задоволително ниво, што го докажува со диплома од институција овластена за таква дејност.

4.  Да е постар од 28 години

5.  Важечко лекарско уверение издадено од специјализирана здравствена установа (завод за спортска медицина и сл.)

6.  Во последните 5 (пет) години да нема дисциплинска мерка против тренерот поголема од 30 (триесет) дена, потврда од Дисциплинска Комисија на ФФМ

7.  Во последните 5 (пет) да има најмалку 3 (три) години активна стручна работа како носител на УЕФА А Диплома. (бодување како воТабела 1.):

a.  во сениорска конкуренција Прва или Втора МФЛ и тоа:

асистент тренер во Прва МФЛ и/или главен тренер во Втора МФЛ,

и/или селектор во Национални селекции на ФФМ (У17/У19 и/или У21), проверка за доставената  документација ФФМ ќе изврши преку Комет системот.

  Дополнителни критериуми за бодување:

a.  Постигнати резултати во националните првенства (Прва и Втора МФЛ), Куп на РМ и УЕФА натпреварувања како тренер носител на УЕФА А Диплома во сениорска конкуренција. (бодување како воТабела 2)

б.  Постиганти резултати во Националните селекции на ФФМ како тренер носител на УЕФА А Диплома (бодување како воТабела 2)

в.  Настапи за Национална А Репрезентација (бодување како воТабела 3)

Сите заинтересирани кандидати својата биографија, на англиски и македонски, со сите потребни документи да ги достават до Фудбалска Федерација на Македонија по пошта на адреса, или лично во Архивата на ФФМ во рок од 15 дена од денот на објавувањето:

Булевар АСНОМ 21,

За Центар за Едукација

1000 Скопје

со назнака за УЕФА ПРО Диплома

Центарот за Едукација при ФФМ, ќе изврши тестирање на познавањето на странски јазик на кандидатите, исто така го задржува правото да изврши дополнително тестирање на кандидатите кои ќе имаат исти резултати за влез во предвидената квота. Документите доставени по точка 7 како и дополнителните критериуми се предмет на бодување и рангирање согласно Табелите 1, 2 и 3 за бодување за упис на УЕФА Про Диплома. Кандидатите кои ќе ги исполнат условите за упис и влезат во групата од 20 тренери, ќе бидат дополнително информирани за почеток на наставата, додека некомплетните и неуредно доставените пријави нема да бидат разгледувани.

Прилог:

Табели за бодување за упис на УЕФА Про Диплома:

Тренерскистаж, во последните 5(пет) години (табела 1):

Години како тренер

Бодови

Три години

30

Четири години

40

Пет години

50

  Постигнати резултати, како тренер носителна УЕФА А Диплома(табела 2):

Остварен резултат

Бодови

Освоено Прво место во Прва МФЛ

30

Освоено Второ место во Прва МФЛ

20

Освоено Трето место во Прва МФЛ

10

Освоено Прво место во ВтораМФЛ

30

Освоен Куп на РМ (сениори)

30

Финалист на Куп на РМ (сениори)

20

Пласман во второ натпреварувачко коло за македонски екипи во УЕФА натпреварувања

30

Пласман во трето натпреварувачко коло за македонски екипи во УЕФА натпреварувања

40

Пласман во плејоф во УЕФА натпреварувања

50

Пласман во фаза по групи во УЕФА натпреварувања

70

Пласман во нокаут фаза во УЕФА натпреварувања

100

Пласман во елитна рунда за млади селекции (У17 и У19)

30

Пласман на Европско Првенство за млади селекции (групна фаза)

50

Пласман во нокаут фаза на Европско Првенство за млади селекции

70

Играчки статус во А репрезентација (табела 3):

Број на настапи

Бодови

1 - 10

10

11 - 20

15

21 - 30

20

31 - 40

30

41 и повеќе

50




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација