Игор Ангеловски: Не бегаме од фаворитската улога, но имаме и почит кон противниците

Објавено на 29 Август, 2018 во Вести, Вести, УЕФА Лига на Нации


По објавувањето на списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Гибралтар (06. септември) и Ерменија (09. септември) од Лига на Нации, селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски истакна дека нашата селекција е фаворит во групата, но никого нема да потцениме. Најголем дел од повиканите фудбалери беа носители на играта и во претходниот квалификациски циклус, а нови имиња се дефанзивците Мите Цикарски (Јанина) и Егзон Бејтулаи (Шкендија). Поради повреда неизвесен е настапот на двајцата фудбалери од хрватскиот шампионат, Аријан Адеми (Динамо Загреб) и Дарко Велковски (Ријека). 

- На списокот се наоѓаат стандардни фудбалери, а повратници се Егзон Бејтулаи и Мите Цикарски. Бејтулаи игра стандардно во Шкендија, беше член на младата репрезентација и доаѓа на местото на Зајков. Ја следиме ситуацијата со Адеми кој ја повреди задната ложа, а денеска ќе има детални прегледи по кои ќе биде колку ќе изнесува неговата пауза. Ферхан Хасани сега се приклучи на тимот во Саудиска Арабија и затоа не е во составот. Дарко Велковски доби повик, во Ријека имаат свој став, меѓутоа јас сум селектор и ги бранам интересите на Македонија. Јас и претходно кажав дека во репрезентацијата ќе се влегува потешко. Ова е мојот избор засега, 90% од фудбалерите се оние кои го понесоа товарот во квалификациите. изјави селекторот Ангеловски на  прес-конференцијата. 

-Не бегаме од фаворитската улога, но го имаме задолжителниот респект за Гибралтар. Не е лесно да се победува, очекувам максимално издание на моите фудбалери и заедно да ја почнеме Лигата на Нации со три бода. Сите мисли се насочени кон Гибралтар, а потоа ќе мислиме на Ерменија, додаде нашиот предводник.

Во новото натпреварување на УЕФА, Лига на НАции, Македонија е во лигата „Д“, каде во рамки на групата 4 ќе игра со Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација