Игор Ангеловски ги избра фудбалерите за Австрија и Израел

Објавено на 08 Ноември, 2019 во Вести, Вести


Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски повика 23 фудбалери за претстојните два натпревари против Австрија (16. ноември, „Ернст Хапел“, Виена) и Израел (19. ноември, Национална арена „Тодор Проески“) од квалификациите за ЕУРО 2020. 

Висар Муслиу, Бобан Николов и Илија Несторовски поради жолти картони нема да бидат во комбинација за настап за натпреварот против Австрија, додека поради повреда Аријан Адеми ќе ги пропушти последните два квалификациски натпревари од циклусот за Европското првенство 2020. Дебитант во најдобрата македонска репрезентација е фудбалерот на Вардар, Даниел Аврамовски, а повратник во тимот е Никола Ѓорѓев од швајцарски Грасхоперс. 

Во продолжение преземете го распоредот на тренинзи и активности на А репрезентацијата на Македонија за натпреварите против Австрија и Израел.

МКД А ноември (Австрија - Израел).docx 




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација