Горан Станиќ го објави списокот на Македонија до 19 години за квалификацискиот турнир за Елитна фаза

Објавено на 08 Ноември, 2019 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 19 години од 13. до 19. ноември го игра квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза квалификации за пласман на Европско првенство. Фудбалската федерација на Македонија е организатор на турнирот, а нашата млада селекција е во група со Англија, Босна и Херцеговина и Луксембург.

Селекторот на Македонија до 19 години, Горан Станиќ за квалификацискиот турнир ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Матеј Андов (Вардар), Кристијан Китановски (Вардар), Стефан Митрев (Арау, Швајцарија);

Одбрана: Георгие Јанкулов (Железничар, Србија), Божидар Митревски (Силекс), Александар Ѓурковски (Вардар), Бојан Димовски (Вардар), Ване Тасевски (АСД Нибиано, Италија), Анѓело Николовски (Кит Го);

Среден ред: Агон Елези (Скендербег, Албанија), Јетон Даути (Ст. Гален, Швајцарија), Арби Воша (Македонија Ѓ.П), Иван Николов (Академија Пандев), Влада Новевски (Војводина, Србија);

Напад: Методи Максимов (Работнички), Давид Тошевски (Работнички), Едис Спахиу (Шкендија), Сухељ Мухарем (Шкупи), Ерсан Хајдари (Арау, Швајцарија), Абдулвахит Мурати (Шкупи);

- Со нетрпение го очекуваме почетокот на квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза квалификации за ЕП. Расположението кај нас е позитивно, иако имавме проблеми околу составот со повредени фудбалери. Верувам во овој тим и очекувам да го дадат максимумот на сите три натпревари. Групата во која се наоѓаме е исклучително тешка, а потврда за тоа е фактот што Англија и БиХ со оваа генерација беа учесници на Европското првенство до 17 години. Но, без оглед на противниците, наша цел ќе биде да се прикажеме во најдобро издание и да ја чекаме нашата шанса за остварување на позитивен резултат, изјави селекторот Горан Станиќ.

Првиот натпревар од турнирот македонската репрезентација го игра на 13. ноември против БиХ од 13:00 часот, на 16. ноември (13:00 часот) се соочуваме со Англија и на 19. ноември (13:00 часот) играме против Лукембург.

Натпреварите на македонската репрезентација се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски. 




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација