Ѓуровски го објави списокот за натпреварот против Луксембург

Објавено на 29 Септември, 2014 во Вести


Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Бошко Ѓуровски го објави списокот на играчи за квалификацискиот натпревар против Луксебмург на 9. октомври на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

На списокот на селекторот Ѓуровски се наоѓаат следните фудбалери:

Голмани: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија), Андреја Ефермов (Металург), Дарко Тофиловски (Кошице, Словачка)

Одбрана: Ванче Шиков (Австрија Виена, Австрија), Даниел Мојсов (Бран, Норвешка), Ардијан Цуцули (Партизани Тирана, Албанија), Дарко Велковски (Работнички), Дарко Глишиќ (Вардар), Стефан Ристовски (Парма, Италија), Александар Дамчевски (НАЦ Бреда, Холандија)

Среден ред: Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Мухамед Демири (Ст. Гален, Швајцарија), Марјан Радески (Металург), Никола Глигоров (Вардар), Александар Трајковски (Зулте Варегем, Белгија), Стефан Спировски (Берое, Бугарија), Муарем Муарем (Карабах, Азербејџан)

Напад: Агим Ибраими (Марибор, Словенија), Адис Јаховиќ (Крилја Советов, Русија), Јован Костовски (Леувен, Белгија), Крсте Велкоски (Сараево, БиХ), Бесарт Абдурахими (Локерен, Белгија), Мирко Ивановски (Клуж, Романија)

-Иако имаме два натпревари во неколку денови, сепак во овој момент првата пресметка против  Луксембург е најважна. Треба на сите да ни стане јасно дека во модерниот фудбал нема слаби екипи, Луксембург има напредок во играта, играат дисциплинирано, како тим се организирани, работат според модерните насоки, за нас нема да биде лесно, но играме дома, пред нашите навивачи и очекувам сите играчи да бидат на високо ниво и за да освоиме три бода. Во овој момент сметам дека ги одбрав најдобрите, сакам да бидеме уште поофанзивни отколку во првиот квалификациски натпревар против Шпанија. Ферхан Хасани за жал е повреден и можеби ќе оди на операција, на списокот го нема ниту Даниел Георгиевски од причина што беше отсутен неколку месеци и сеуште не е влезен во натпреварувачки ритам. Тричковски поради обврски во клубот се откажува од репрезентацијата, изјави Ѓуровски.

Првиот собир спроти натпреварот со Луксембург е на 6. октомври во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје. До натпреварот на 9. октомври нашата репрезентација ќе одработи три тренинга, во понеделник, вторник и среда од 17.00 часот на терените во комплексот „Куќа на фудбалот“. 




   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација