ФУТСАЛ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 21 ГОДИНА ПРОТИВ РОМАНИЈА ВО ВЕЛЕС

Објавено на 13 Февруари, 2014 во Футсал до 21 год

Македонската футсал репрезентација до 21 година против Романија во Велес ќе одигра два пријателски натпревари, на 19-ти февруари со почеток во 19.00 часот и на 20-ти февруари со почеток во 17.00 часот.

Контролните натпревари против Романија ќе се одиграат во спортската сала „Гемиџии“. Селекторот Зоран Левески на собирот закажан за 17-ти февруари повика 15 играчи:

Антонио Петревски (КМФ Велес), Георги Стојковски (КМФ Биџо), Александар Стојменов (КМФ Мал Ајакс), Ален Пљакиќ (КМФ Велес), Тале Трајков (КМФ Велес), Мартин Мехмединовиќ (КМФ Црна река), Бојан Иванов (КМФ Фифи), Игор Леовски (КМФ Железарец), Џо Арсовски (КМФ Железерец), Владислав Илиќ (КМФ Биџо), Драган Ѓорѓевски (КМФ Биџо), Кристијан Златковски (КМФ Биџо), Никола Вукановиќ (КМФ Биџо), Срѓан Стаменковски (КМФ Биџо), Стефан Трендафилоски (КМФ Ројал Илирет).

-Започнуваме проект за создавање млада репрезентација која во иднина треба да претставува „прв сервис“ за најдобрата наша футсал селекција. Секој почеток е тежок, го знаеме потенцијалот на младите футсал играчи во Македонија, наша намера е да работиме во насока да го подобриме. Репрезентацијата на Романија е исклучително квалитетна, според информациите кои ги имаме во Велес доаѓаат во речиси истиот состав од нивниот последен натпревар со Италија на кој победија со 4:2. Романија го користи секој термин за одигрување контролни средби, постојано работат на подобрување на квалитетот на својата селекција до 21 година, а за нас е важно да го увидиме начинот на работа на селекциите кои се на повисоко ниво од нашата. Ова се натпревари за запознавање и искуство, но ќе се бориме и за добар резултат, изјави селекторот на репрезентацијата до 21 година, Зоран Левески.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација