Футсал квалификациски турнир: Македонската репрезентација загуби со 7:5 од Косово

Објавено на 25 Октомври, 2019 во Вести, Футсал


Македонската А футсал репрезентација загуби од Косово со 7:5 во вториот круг од квалификациите за Елитна фаза за пласман на Светското првенство во Литванија. За нашата селекција ова е втор пораз на турнирот откако загубивме од Словенија во воведното коло. 

Јетон Руковци во 2. минута донесе предност за репрезентацијата на Косово, во против напад по асистенција на Аљај, најдобриот косовски играч ја погоди празната мрежа на Антонио Петровски. 

Во третата минута, Рамадан имаше прилика за израмнување, но неговиот удар беше изблокиран, но веќе во следниот напад Иван Крстевски успеа да израмни на 1:1. 

Нашата лоша реакција во одбраната им донесе нова предност на гостинската селекција и преку Маџарај на истекот на четвртата минута постигнаа гол за 1:1. Реџеп Сулејмани и Седат Зибери пропуштија одлични шанси за ново израмнување, а казната за нашите нереализирани шанси стигна во 12. минута кога Аљај даде гол за 3:1. 

Македонија не успеа да постигне втор погодок ниту по ударот на Зибери, но намалување на резултатот на 3:2 донесе Исмаили во 15. минута. Во последната секунда од првото полувреме, Косово одново обезбеди два гола предност со погодокот на Ќерими. 

Во првата минута од продолжението по додавање на Глигоров, Седат Зибери намали на 4:3, a израмнување на 4:4 донесе Ферид Агуши во 26. минута. 

Адријан Мицевски постигна ефектен погодок во 28. минута за прво водство на македонската репрезентација од 5:4, но косовскиот голман Пренќи искористи наивна реакција на нашата селекција и израмни на 5:5 во 33. минута. 

Две минути подоцна не користиме чиста шанса преку Крстевски, а во 37. минута имавме многу среќа по ударот на Маџарај. Сепак, Косово со голот на Маљуш Ќерими на минута пред крајот постигна погодок за 6:5, а ја погодија и празната мрежа за 7:5 во последните секунди од дуелот кога игравме без голман. 

Последното трето коло од групата се игра в недела. Македонската репрезентација се соочува со топ фаворитот Украина, додека Косово ќе игра со Словенија. 




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација